2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIKEA на семејствата на настраданите деца од превртен шкаф ќе им исплати...

IKEA на семејствата на настраданите деца од превртен шкаф ќе им исплати 50 млн. долари

ikea-696x392

Шведска IKEA се согласи да исплати 50 милиони долари на семејствата на три мали деца кои починаа откако врз нив падна шкаф купен во синџирот продавници на овој шведски производител на мебел, објави адвокатската компанија која ги застапува семејствата.

Парите во еднакви суми ќе им бидат поделени на трите семејства, вели адвокатата од адвокатската канцеларија „Фелдман-Шепард“, со седиште во Филаделфија.

IKEA ќе донира дополнителни 250.000 американски долари за детските болници и непрофитни организации за заштита на децата, особено за заштита од несреќи поради превртување на мебел.

Шведската компанија потврди дека е постигнат привремен договор, но натаму не коментира освен дека договорот сé уште судски не е потврден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП