6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВкупната вредност на биткоините надмина рекордни 14 милијарди долари

Вкупната вредност на биткоините надмина рекордни 14 милијарди долари

biti03993

Денеска вкупната вредност на сите биткоини во оптек надминаа рекордни 14 милијарди долари. Истиот ден дигиталната валута поскапе за 5%, достигнувајќи до највисокото ниво од пред три години, откако ја зголеми својата вредност повеќе од два пати во оваа година, соопштува „Ројтерс“.

Цената на еден биткоин достигна 875 долари на берзата со седиште во Европа – „Bitstamp“, највисоко ниво од јануари 2014-та година, што значи дека криптовалутата е на пат да забележи најдобро претставување.

Кога се споредуваат со нивото од околу 435 долари во почетокот на годината, многу експерти го поврзуваат поскапувањето на биткоинот со стабилното поевтинување на кинескиот јуан, кој забележува опаѓање од речиси 7% во оваа година.

Податоците покажуваат дека поголемиот дел од трговијата со биткоини се случува во Кина, па растот на побарувачката оттаму најверојатно ќе има значително влијание врз цената.

Биткоинот е криптовалута базирана на интернет која може да придвижува пари од различни делови на светот брзо и анонимно, без да има потреба од централен орган за нејзиното управување. Тоа ја прави атрактивна за оние кои сакаат да ја заобиколат капиталната контрола, како во Кина.

Дигиталната валута се уште е далеку од вредноста на крајот на 2013-та година, кога се тргуваше за 1163 долари на берзата „Bitstamp“.

Но, бидејќи во системот продолжуваат да се додаваат нови биткоини, во моментот со стапка од 12,5 биткоина на секои 10 минути, вкупната вредност или „пазарната капитализација“, денеска го надмина максимумот од 2013-та година од околу 14,01 милијарди долари. Тоа значи дека вкупната нејзина вредност е колку онаа на просечна компанија од составот на британскиот индекс „FTSE 100“.

Чарлс Хејтер, основач на сајтот за анализа на податоци „Cryptocompare“, вели дека биткоинот бил поддржан од демонетизацијата во Индија и од глобалната политичка несигурност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП