1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија го теши Брисел дека може да здивне за нејзиниот дефицит

Португалија го теши Брисел дека може да здивне за нејзиниот дефицит

197905417585bbd4b7d768759536071_w640

Португалскиот премиер Антонио Коста им порача на европските официјални лица дека можат да здивнат, бидејќи буџетскиот дефицит на Португалија ќе биде понизок од целниот лимит.

Буџетскиот дефицит за 2016 година, како што изјави, ќе биде значително понизок од 2,5 проценти колку што беше договорено со официјалните лица во Брисел, пренесува агенцијата АП.

Според прописите на еврозоната, буџетскиот дефицит на земјите мора да изнесува под 3,0 проценти од нивниот годишен бруто домашен производ, нешто што Португалија не успеала да го реализира од 2007 година.

Нејзиниот дефицит во 2010 година беше над 11 проценти, година дена пред официјален Лисабон да побара меѓународен пакет помош во вредност од 8 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП