15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAмериканците се во поголеми долгови отколку пред рецесијата во 2008-ма

Aмериканците се во поголеми долгови отколку пред рецесијата во 2008-ма

ameri301

Жителите на САД наскоро ќе го надминат долгот на кредитните картички во однос на износот за време на „Големата рецесија“ во 2008-ма година.

Просечниот долг на домаќинство достигна 16.061 долари, што е 10% повеќе во однос на 10 години претходно и 15.762 долари, колку што изнесуваше минатата година, покажуваат податоците на ФЕД.

Моменталниот износ и натаму е понизок во однос на оној кој ја достигна рекордната вредност од 16.912 долари во 2008-ма година, во екот на рецесијата, а обновување и пад на долгот не се очекува пред 2019-та година.

Вкупниот долг (вклучувајќи ги станбените, автомобилските и студентските кредити) би требало веќе во 2017-та година да го наминат долгот од 2008-ма и тоа благодарејќи на станбените и студентските кредити. Просечен станбен кредит порасна од 159.020 долари во 2010-та на 172.806 долари во оваа година, додека долгот за автомобилските кредити од 20.032 долари во 2010-та пораснаа на 28.535 долари.

ameri300

Вкупниот долг на домаќинствата достигна 12,4 илјади милијарди долари, што е раст од 11,7 илјади милијарди долари од 2010-та година.

Проблемот е во тоа што просечнатата плата на домаќинство порасна за 28 проценти во изминативе 13 години, додека на пример медицинските трошоци пораснаа за неверојатни 57 отсто и цената на храната за дури 36 посто.

Многу од Американците не успеваат да ги платат своите сметки, а многу е потешка ситуацијата во семејствата со повеќе деца. Институтот „Economy Policy“ пресмета дека домаќинствата годишно само за сметки плаќаат помеѓу 50.000 и 100.000 долари, во зависност од тоа каде живеат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП