21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткажан новогодишниот дочек, Град Скопје ќе ги донира парите во социјални цели

Откажан новогодишниот дочек, Град Скопје ќе ги донира парите во социјални цели

skopje-new-years-eve-fireworks

Градот Скопје преку соопштение ја информира јавноста дека се откажува од дочекот на Новата 2017 година што требаше да се одржи на плоштадот Македонија.

Средствата планирани за организирање на дочекот во изност од околу 2 милиона денари, Град Скопје, ќе ги донира во социјални цели. Одлуката каде ќе бидат донирани средствата ќе ја донесе Советот на Град Скопје.

Градот Скопје веќе 10 години наназад троши минимални средства за организирање на дочекот на Новата година затоа што забавата за граѓаните ја финасираа мибилните оператори во земјава, а годинава спонзор на забавата требаше да биде Македонски Телеком.

Инаку претходно, Град Скопје, најави богата новогодишна програма со финансиска поддршка на Македонски Телеком и Пивара –Скопје. Беше најавено дека ќе настапат DJ Douz, Адријан Гаџа, Слаткар Каролина Гочева и Миле Кузмановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП