2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОваа земја е рај за пензионерите

Оваа земја е рај за пензионерите

1687963354585aaf6a422f9325740927_w640

Според последните резултати, во земјите членки на ОЕЦД 12,6 проценти од вкупниот број на жители постари од 65 години живеат во релативна сиромаштија.

Меѓу „негативните рекордери“ по ова прашање се Јужна Кореја, Австралија и Соединетите Држави, држави кои инаку спаѓаат во развиени и стабилни економии.

Меѓу економски најзагрозените групи над 65 години старост во земјите на ОЕЦД се издвојуваат жените, како и „постарите сениори“, всушност пензионерите постари од 75 години.

Бројот на најзагрозени пензионери е алармантен во Јужна Кореја – во таа земја речиси половината од населението (49,6 проценти) над 65 години едвај спојува крај со крај. Меѓутоа, на дното на листата која вклучува 35 земји членки на ОЕЦД се наоѓаат и Австралија (35,5 проценти) и САД (21,5 проценти).

Од друга страна, меѓу државите кои заслужуваат „пофалби“ како земји во кои пензиските системи сеуште колку-толку водат сметка за најстариот дел од популацијата, се издвојуваат, на прво место Холандија (2 проценти сиромашни пензионери), а зад неа е Франција (3,8 проценти) и Канада (6,7 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП