23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициски фондови се насочуваат кон проблематичните кредити на италијанските банки

Инвестициски фондови се насочуваат кон проблематичните кредити на италијанските банки

The main entrance of the Monte dei Paschi bank headquarters is seen in Siena

Инвестициски фондови собрале 7 милијарди евра за инвестиции во „токсичен“ долг во Европа. Најпривлечни за нив се проблематичните кредити на банките во Италија, кои ги зајакнуваат процесите за чистење на билансот, пренесува „Ројтерс“.

Најголемиот фонд е на „KKR“ – тој има околу 3,3 милијарди евра, следен од „Avenue Europe Special Situations Fund III“ со околу 2 милијарди евра.

Со средствата од претходните години, кои се уште не се потрошени, износот доаѓа до околу 15 милијарди евра, проценуваат од консултантската компанија „Preqin“.

Проблематичните кредити на банките во Италија се проценуваат на околу 356 милијарди евра. Финансиските институции уште се колебаат дали да ги продаваат проблематичните кредити на цени, кои се прифатливи за фондовите, бидејќи има сериозен ризик тоа да ги ослабне капиталните позиции заради отпишувањето.

Сепак, минатата недела „топ“ кредиторот на Италија, „UniCredit“ објави голема реконструкција, вклучувајќи и план за проблематични долгови со вредност од 17 милијарди евра. Италија освен тоа ќе треба да го спасува најстариот кредитор – „Monte Dei Paschi“, а и другите банки постепено почнуваат да ги прочистуваат проблематичните кредити.

Фондовите очекуваат дека процесот на прочистување на банките од проблематичните кредити ќе се забрза. Затоа и „Algebris Italy“ – еден од водечките инвестициски фондови со интерес за „токсичниот“ долг, стартува втор фонд.

Според консултантската компанија „PwC“ во 2017-та година на пазарот најверојатно ќе излезат проблематични кредити за околу 50 милијарди евра. Експертите сепак велат дека банките треба да дејствуваат внимателно, за да не се изврши притисок врз цените.

Италија не можеше да создаде „лоша банка“ по примерот на Шпанија, а во моментов е спречена од новите правила на Европската унија (ЕУ), кои бараат инвеститорите во проблематичните банки да преземат дел од загубите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП