28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдна третина од семејствата во САД посиромашни од 17-те министри на Трамп

Една третина од семејствата во САД посиромашни од 17-те министри на Трамп

NEW YORK, NY - APRIL 18: Republican presidential candidate Donald Trump greets members of the "National Diversity Coalition for Trump," a day ahead of New York primary on April 18, 2016 in New York City. Trump held a meeting with the group following criticism that he was anti-Latino and that he has gained support from racist groups across the country. (Photo by Spencer Platt/Getty Images)

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одреди 17 луѓе кои ќе ја сочинуваат неговата влада. Вкупното богатство со кои располагаат овие 17 луѓе изнесува 9,5 милијарди долари, но треба да се има предвид дека кабинетот сеуште не е целосно пополнет.

Нивното богатство е поголемо од вкупното богатство на 43 милиони најсиромашни американски домаќинства заедно, односно одговара на една третина на богатството на 126 милиони домаќинства, колку што вкупно има во САД, наведува Qartz.

Според истиот извор, богатство од вакви размери преставува преседан во историјата кога станува збор за претседателски кабинет.

Податоците за домаќинствата, врз кои се базира оваа споредба се земени од Анкетата за финансиски потрошувачи спроведена во 2013 година, направена по инцијатива на Федералните резерви на САД. Ова се најнови сеопфатни податоци за имотната состојба на Американците.

„Business Insider“ наведува дека речиси 13 одсто од американските домаќинства немаат никкаков имот, или се во долгови, и дека ваквите домаќинства се земени во предвид.

Дури и ако имотот на членовите на Трамповиот кабинет се спореди со имотот на просечно домаќинство, концентрацијата на богатство и понатаму е запрепастувачка. Ако се земе во обзир дека околу 120.000 домаќинства со просечна нето вредност на имот од околу 83.200 долари, тоа би одговарало на заедничко богатство на само четворица најбогати членови на Трамповиот кабинет – Бетси Девос, Вилбур Рос помладиот, Линда Мекмах и РЕкс Тилерсон, заклучува Business Insider.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП