18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУвозните цени во Германија бележат прв годишен раст од ноември 2012-та

Увозните цени во Германија бележат прв годишен раст од ноември 2012-та

uvde000

Увозните цени во Германија се зголемуваат за 0,3% на годишна основа во ноември, а тоа е првото годишно зголемување од ноември 2012-та година, кога имаше 1% раст.

Во октомври и септември годишните промени во увозните цени беа соодветно -0,6% и -1,8%, посочува германската статистичка служба „Destatis“.

Кога се исклучат нафтата и нафтените производи, увозените цени растат со 0,4% на годишна основа.

На месечна основа увозните цени се зголемуваат за 0,7% на месечна основа во ноември, а тоа претставува забавување на растот. Во октомври зголемувањето беше 0,9%. Сепак актуелната вредност е над очекувањата на пазарите, кои според порталот „ForexFactory“ беа за вредност од 0,2 отсто.

Извозните цени од своја страна запишуваат 0,3% раст на годишна и 0,5% на месечна основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП