9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Популарната култура: поглед одоздола“ - Промоција на меѓународниот зборник на научни трудови

„Популарната култура: поглед одоздола“ – Промоција на меѓународниот зборник на научни трудови

popularna-koalicija-696x311

Промоција на меѓународниот зборник на научни трудови „Популарната култура: поглед одоздола“,ќе се одржи во Институтот за македонска литература во четврток во 13 часот.

Зборникот произлезе од трудовите презентирани на меѓународната научна конференција Popular Culture: Reading From Below / Популарната култура: поглед одоздола, која во организација на Институтот за македонска литература се одржа во ноември 2014 година. На 800 стр., речиси е претставена целокупноста на манифестациите на популарната култура преку телевизијата, филмот, музиката, книжевноста, модата, интернетот, спортот, стрипот итн. Зборникот содржи посебни поглавја за родовите, телото и популарната култура; популарната култура наспроти политичките и идеолошките концепти; супкултури / културата како маркет; новите форми на популарна култура; медиумите и познатите личности; популарната книжевност; популарната култура и општеството; историски пристап во истражувањето на популарната култура; модата, дизајнот, спортот и популарната култура, популарна музика, синеманиа, телевизијата и медиумската култура. На тој начин се демонстрираат интересни и мноштво различни пристапи, аспекти и двоумења, со што се постигнува посакуваната отвореност и критичност како едни од одликите на културолошките студии, кои од 2008 година се застапени како студиска програма на магистерските и докторските студии на Институтот за македонска литература.

Покрај истакнати научни истражувачи, професори и културолози, во Зборникот како автори се јавуваат и повеќемина успешни студенти на студии од областа на културата од земјата и странство. Сите тие, преку 70-тината научни трудови, всушност ја оцртуваат физиономијата на популарната култура, нејзиниот семантички потенцијал и динамична природа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП