1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОптимизам на Македонска берза

Оптимизам на Македонска берза

македонска-берза

Промет од 14 милиони денари беше остварен во тргувањето во средата на Македонската берза за хартии од вредност, што укажува на оптимизмот кај вложувачите.

Вчера се тргуваше со 15 хартии од вредност, при што дури 11 беа во позитива, една без промена и три хартии ја намалија својата вредност. Индексот МБИ10 порасна за 1,70 отсто, додека индексот ОМБ остана без промена.

Најголем раст имаа акциите на Скопски пазар (+19,99%), Адинг (+10%), Топлификација (10%), Макпетрол (+5,78%), Бетон Скопје (+2,72%), Комерцијална банка (+2,31%) итн.

На спротивната страна се најде акцијата на РЖ Услуги со пад од 8,87 отсто, при што се истргуваа 100 лотови по цена од 113 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП