11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегулаторите во Швајцарија казнија банки со речиси 100 милиони франци

Регулаторите во Швајцарија казнија банки со речиси 100 милиони франци

svic3

Комисијата за заштита на конкуренцијата во Швајцарија казни неколку европски и американски банки со речиси 100 милиони франци (97,3 милиони долари) поради картели кај каматните стапки, соопшти „Ројтерс“.

Истрагата на комисијата започна во декември 2012-та година, откако британската банка „Barclays“ стана првата која по вонсудски пат се согласи со властите во Велика Британија и САД по обвиненијата за манипулации со меѓубанкарската стапка „Libor“. Тогаш кредитната институција плати глоба од 450 милиони долари.

Од казните, објавени од швајцарскиот регулатор, најголемата е во износ од 33,9 милиони франци и е за „JPMorgan Chase“. „Ројтерс“ коментира дека тоа е релативно мала сума во позадина на другите казни во рамките на серијата истраги за манипулации со каматните стапки.

Комисијата за заштита на конкуренцијата, изјави дека истрагата покажала дека „JPMorgan“ учествувала во двостран картел заедно со „Royal Bank of Scotland“ со цел манипулации со швајцарскиот „Libor“ меѓу март 2008-ма година и јули 2009-та година. „RBS“ си обезбеди имунитет, бидејќи откри пред комисијата за постоењето на картелот.

Казната за „Barclays“ е 29,8 милиони франци поради учеството во картел кај дериватите врз каматните стапки во евра.

Продолжуваат истрагите против „BNP Paribas“, „Credit Agricole“, „JPMorgan“ и „Rabobank“ за евентуален картел при меѓубанкарската стапка „Euribor“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП