2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFedEx не ги исполни очекувањата на Wall Street

FedEx не ги исполни очекувањата на Wall Street

fedi343

Американската логистичка компанија „FedEx“ ги разочара инвеститорите и покрај силниот раст на приходите во изминатиот квартал. Наспроти година порано приходите се зголемиле во трите месеци до крајот на ноември со 19 отсто до 14,9 милијарди долари, објави компанијата.

Профитот се зголемува од 691 до 700 милиони долари (2,8 долари по акција).

Сепак прогнозите на аналитичарите беа повисоки – за профит од 2,9 долари по акција при приходи од 14,92 милијарди долари, според податоците од анкетата на „Thomson Reuters“.

Како резултат на тоа акциите на компанијата паднаа на берзанската сесија со околу 3%.

Не помогнаа и дополнителните уверувања на главниот извршен директор на концернот Фред Смит, според кого во овој бизнис може да се земат предвид солидни приходи при сосема мал профит. Смит ги увери аналитичарите и инвеститорите дека профитот ќе се зголеми до крајот на фискалната година.

„Компанијата ќе се концентрира над повеќе профитабилни бизниси“, најави тој. Поконкретно тоа може да значи дека „FedEx“ ќе се обиде да воведе повисоки цени кај некои клиенти. Договорите со некои клиенти кои не се согласиле на одреден раст на цените, би биле дури прекинати. Истовремено менаџерот објави дека интеграцијата со стекнувањето на конкурентот „TNT Express“ да се одвива според очекувањата и плановите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП