Британските компании следната година најверојатно ќе ги зголемат цените, на тој начин ќе ги пренесат на клиентите повисоките трошоци за производство, предизвикани од поевтинувањето на валутата. Тоа го покажува истражувањето на Англиската централна банка (ВоЕ) за бизнис условите во земјата. Истражувањето се базира на информации од претставниците на регулаторот во земјата.
Околу 80% од компаниите очекуваат пораст на цените во рамките од 1% во 2017-та година. Половина од компаниите кои учествувале велат дека во текот на последната една година имало раст во цените.
„Инфлацијата во трошоците за производство забрза нагло. Тоа што се очекуваше да почне да се одразува на потрошувачките цени околу Нова Година. Растот на платите остана стабилен, но некои од испитаниците очекуваат притисок нагоре“, пишува во студијата на „ВоЕ“.
Очекуваниот скок во инфлацијата до голем степен се должи на фунтата, која поевтини за 17% по референдумот за „Brexit“ од крајот на јуни. Повисоките цени ќе ги намалат реалните приходи на Британците и ќе и наштетат на потрошувачката во следната година. Наглото забрзување на инфлацијата пак може да ја натера „ВоЕ“ да интервенира. Одделен извештај на „Citigroup“ посочи дека долгорочните очекувања на Британците за инфлацијата се зголемија до 3-годишен врв.
Според централната банка средните цени се очекува да се зголемат во сите сектори на економијата. Регионалните претставници на регулаторот собираа информации за истражувањето од 350 компании во Велика Британија со заедничка продажба во вредност од 75 милијарди фунти (93 милијарди долари) во октомври и ноември. Сепак во извештајот има и позитивни последици од евтината валута – имено таа го промовира извозот и ги охрабрува туристите да трошат повеќе.