1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеализацијата на Турски поток ќе чини околу 7 милијарди евра

Реализацијата на Турски поток ќе чини околу 7 милијарди евра

potokot3990

Трошоците за изградба на двете цевки на гасоводот ќе биде околу 7 милијарди евра. Во нив се вклучени и средствата кои руската страна ги има направено за неисполнетиот проект „Јужен поток“. Тоа е запишано во предлогот за ратификацијата на проектот, поднесен од руската влада во Државната дума.

Предлогот за ратификација на договорот меѓу Русија и Турција за „Турски поток“ е доведен на 19-ти декември, станува јасно од извештајот во администрирањето на рускиот парламент. Документот е распределен во парламентарните комисии, но се уште не е јасно кога ќе биде изгласан.

Проектот на одлуката бил разгледан на 15-ти декември за време на владина седница. Според руското законодавство, за да стапи во сила договорот меѓу Русија и Турција за гасоводот, тој треба да биде одобрен од пратениците. Во почетокот на декември Турција го ратификуваше договорот.

Документот беше потпишан на 10-ти октомври во Истанбул. Целта е да се создаде поволна, транспарентна и стабилна нормативна рамка, во која се вклучени и даночните и царинските трошоци за изградба на „Турски поток“.

Во предлогот е предвидено формирање заедничка компанија која ќе управува со активностите за гасоводот. Во неа двете страни ќе имаат еднакви удели.

Договорот меѓу Русија и Турција предвидува изградба на гасовод со две цевки со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри природен гас годишно. Објектот треба да биде пуштен во употреба до 30-ти декември 2019-та година.

Во оваа година „Газпром“ инвестираше 364 милиони долари во реализацијата на „Турски поток“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП