14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ja прошири „црната листа“ со санкции за руски компании и поединци

САД ja прошири „црната листа“ со санкции за руски компании и поединци

usrussia22

Владата на САД ги прошири економските санкции против Русија, вклучувајќи во „црната листа“ уште осум правни и седум физички лица поврзани со „илегалната окупација на Крим и континуираната агресија во Украина“, пренесуваат американските медиуми и „Ројтерс“.

Според американското Министерство за финансии оваа мерка цели „да се одржи притисокот врз Русија преку одржување на цената што мора да плати за окупацијата“ на украинскиот полуостров и „да ги попречува активностите на оние кои го поддржуваат насилството и нестабилноста во Украина“.

Шест од лицата додадени кон оваа листа, давале некаква поддршка на „Банка Русија“, која беше вклучена во списокот уште во 2014-та година. Седмиот е обвинет за врски со компанија која гради воена база крај руско-украинската граница.

Меѓу санкционираните организации е институтот „Стројпроект“, Руската компанија за изградба на автопатишта, државно спонзорираната компанија „Кримски железници и Кримски пристаништа“.

Потсетуваме дека минатата недела лидерите на Европската унија (ЕУ) одлучија дејството на санкциите кои блокот го наметна на Русија по анексијата на Крим, да бидат продолжени со 6 месеци до летото 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП