2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing најави нови откази

Boeing најави нови откази

_Boeing-787-Dreamliner

Boeing соопшти дека ќе продолжи со отказите и во 2017 година. Во овој американски производител на авиони велат дека ќе се намали обемот на работа кога станува збор за нивните комерцијални летала.

Како причина за отказите се наведува жестоката конкуренција од Airbus и падот на нарачките. „Иако постигнавме напредок во намалувањето на трошоците, ќе мораме уште многу да направиме следната година“, пишува во интерната порака на компанијата која била упатена до работниците.

„Треба да работиме на тоа да го намалиме брoјот на нашата работна сила догодина“.

Според податоците од декември, Boeing има 468 нарачки, во споредба со 768 во 2015 година и 1.432 во 2014 година. Boeing соопшти декa ќе го намали и производството на својот адут авион од типот 777 од просечни осум месечно на пет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП