3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексот Dow Jones го достигна новото највисоко ниво, забележан раст и на...

Индексот Dow Jones го достигна новото највисоко ниво, забележан раст и на европските берзи

wall stre35

На Волстрит во вторникот индексот Dow Jones го достигна новото највисоко ново во историјата, приближувајќи се до границата од 20.000 поени, а рекордно ниво достигна и Nasdaq индексот.

И на европските берзи во вторникот цените на акции пораснаа. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,38 отсто, на 7.043 поени, додека франкфуртскиот DAX се зголеми за 0,33 проценти, на 11.464 поени, а парискиот CAC индекс скокна за 0,56 отсто, на 4.849 индексни поени.

На Волстрит, пак, индексот Dow Jones зајакна за 0,46 отсто, на 19.974 поени, додека S&P 500 порасна за 0,36 проценти, на 2.270 поени, а Nasdaq индексот се зголеми за 0,49 отсто, на 5.483 индексни поени.

Со тоа Dow Jones индексот е оддалечен само 25 поени од психолошки важното ниво од 20.000 поени, благодарејќи на продолжувањето на растот на цените на акциите, започнат на 8-ми ноември, кога Доналд Трамп беше избран за 45-ти претседател на САД. Оттогаш вложувачите се надеваат дека неговите планови за намалување на даноците, зголемување на вложувањата во инфраструктурата и олабавувањето на регулаторните мерки во одделни сектори ќе го поттикнат растот на економијата.

Во осум од единаесетте сектори на S&P 500 индексот во вторникот цените на акциите пораснаа, а предводеше финансискиот сектор, со просечен раст од 1,1 отсто, бидејќи олабавувањето на регулациите во тој сектор на банките би им го олеснило работењето.

Вложувачите внимателно го следат и Dow Jones индексот бидејќи се верува дека неговиот пробив над нивото од 20.000 поени би значел дека растот на цените на акциите може да продолжи. А таквото психолошко ниво од 10.000 поени овој индекс првпат го проби во 1999 година.

„Кога Dow Jones би се пробил над 20.000 поени, тоа би значело дека во системот има уште многу куповна моќ. Кога би се пробиле над тоа ниви, тој плафон би можел да стане под“, вели за Reuters Бред Мекмилан, директор во компанијата „Commonwealth Financial Network“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП