22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтор ден по ред најтргувана e акцијата на Фустеларко

Втор ден по ред најтргувана e акцијата на Фустеларко

mk-berza

Интересот на инвеститорите во понеделник беше насочен на акцијата на Фустеларко борец АД Битола со која беа истргувани 1.194 лотови по просечна цена од 1.200 денари. Со акцијата на Алкалоид се реализираше промет од 1,3 милион денари преку 249 истргувани акции.

Најголем пораст на цената забележа акцијата на РЖ Макстил и тоа 5,80% со истргувани 9.040 лотови по цена од 74,06 денари. Следна по раст беше акцијата на Гранит со плус 3,51% и истргувани 250 лотови по цена од 600 денари.

Една обврзница беше тргувана вчера, и тоа од 15-тата емисија (РМДЕН15). Вкупно 2.452 лота беа истргувани, а просечната цена изнесуваше 92,50 отсто.

МБИ10 забележа раст на вредноста од +0,46 отсто додека ОМБ повторно остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП