25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин го потпиша буџетот, еве колкави се сумите

Путин го потпиша буџетот, еве колкави се сумите

1995744242585964cf5fba6243625219_w640

Претседателот на Русија, Владимир Путин го потпиша законот за федерален буџет за периодот од 2017 до 2019 година, јавува руската агенцијата Тас.

Со Законот за тригодишниот буџет за 2017 година се предвидуваат приходи од 13.500 милијарди рубљи (218,8 милијарди долари) и расходи од 16.200 милијарди рубљи (226.9 милијарди долари), наведува Тас.

За 2018 и 2019 година се проектирани приходи од 14.000 милијарид рубљи (226,9 милијарди долари), односно 14,800 милијарди рубљи (240 милијарди долари), респективно, додека расходите би требало да изнесуваат 16,040 милијарди рубљи (260 милијарди долари) во 2018, а наредната година 16.000 милијарди рубљи (259,3 милијарди долари).

Дефицитот на федералниот буџет за наредната година е проектиран на 2,800 милијарди рубљи (45,4 милијарди долари), со постепено намалување во 2018 година на 2,000 милијарди рубљи (32,4 милијарди долари) и на 1.100 милијарди рубљи (17,8 милијарди долари) во 2019 година.

Буџетот е изработен на темел на претпоставки дека просечната годишна цена на нафтата ќе изнесува 40 долари за барел и дека инфлацијата нема да надмине 4,0 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП