28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Словачка падна на најниско ниво од 2008-ма

Невработеноста во Словачка падна на најниско ниво од 2008-ма

vw_slovakia_main_gate_076_1055x500

Според податоците за ноември, невработеноста во Словачка опаднала до 8,8 отсто што е најниско ниво од декември 2008-ма година, откако најдобриот економски раст обезбедил работа на повеќе луѓе, но компаниите се загрижени од недостатокот на работна сила, пренесува „Ројтерс“.

Словачката економија, поддржана од брзото проширување на автомобилската индустрија, се очекува раст од над 3 проценти во оваа година и да продолжи да расте со солидни стапки во следните години, откако ќе се појави четвртата автомобилска компанија во 2018-та година.

Словачка е најголемиот производител на автомобили во светот по човек од населението со три фабрики – на Фолксваген (Volkswagen), Киа (Kia) и Пежо (Peugeot), а Јагуар Ленд Ровер (Jaguar Land Rover) гради нова фабрика.

Јарослав Холечек, претставник на Здружението на автомобилската индустрија истакна дека секторот ќе има потреба од 14.000 нови работници во следните две или три години.

Околу 8.000 можат да бидат обезбедени преку курсеви за преквалификација на невработените, рече тој, но според него за останатите работни места ќе треба да се ангажираат странски работници.

Според студијата на компанијата за човечки ресурси од почетокот на месецот до 44 проценти од словачките компании имаат проблеми со наоѓање на персонал.

Во соседна Чешка невработеноста од 4,9 отсто е најниска во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП