17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама: Нема повеќе дупчење нафта во Арктикот!

Обама: Нема повеќе дупчење нафта во Арктикот!

arctic-nafta44

Американскиот претседател Барак Обама издаде трајна забрана за дупчење нафта и гас во „огромен дел“ на северните води, кои се дел од територијата на САД, пренесува британски BBC.

Обама означи големи области во Арктичкиот и Атлантскиот океан како „области надвор од дозволените лимити за лизинг на неодредено време“.

Овој потег се смета за обид да се заштити регионот пред Обама да ја напушти функцијата во јануари.

Поддржувачите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп може да имаат проблеми доколку се обидат да ја сменат одлуката, пишува BBC и додава дека
Канада исто така донесе слична мерка во своите арктичките води во заедничко соопштение со Вашингтон.

Белата куќа соопшти дека одлуката е за „силна и одржлива економија и екосистем на Актикот“.

Но, додека Канада ќе го разгледува овој потег на секои пет години, Белата куќа соопшти дека декларацијата на Обама е трајна.

Одлуката се потпира на закон од 1953 година, кој на претседателот му дава овластување да забрани лизинг на оф-шор ресурси на неодредено времe

За време на изборната кампања, Доналд Трамп изјави дека ќе ги искористат предностите на постоечките американски нафтени резерви, изјава која предизвика загриженост кај еколошките групи.

Но, приврзаниците веќе сугерираа дека секој обид да се смени „трајната“ одлука која е во согласност со постоечки закон ќе се соочи со правен предизвик.

Во реакција на декларацијата на Обама, организацијата „Пријатели на Земјата“ изјави “Ниту еден претседател досега не укинал трајна забрана на претходен претседател во однос на дупчење нафта и гас во оф-шор области.

“Ако Доналд Трамп се обиде да ја поништи забраната на претседателот Обама, тој ќе се најде на суд”, се закани организацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП