24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапиот iPhone 5 во светот

Најскапиот iPhone 5 во светот

phone5

Имате вишок 15.300.000 долари со кои не знаете што да правите? Може да бидете горд сопственик на најскапиот iPhone 5 во светот.

Британскиот дизајнер Стјуарт Хјуз создаде iPhone 5 со вредност од 10 милиони фунти. Телефонот е покриена со чисто злато и начичкан со црни и бели дијаманти.

Хјуз, кој е познат по дизајнирањето на неверојатно скапи и луксузни технолошки производи, го направил телефонот по нарачка на некој кинески бизнисмен.

Како што пренесува CNN, Хјуз открил дека купувачот е сопственик на редок 26-каратен “Црн Дијамант” кој се пренесува од генерација на генерација во фамилијата, и сакал да го стави во дизајнот на својот iPhone 5.

The world’s most expensive iPhone 5 worth $15 million sports a large flawless black diamond

На својата веб страница Хјуз ги опишал карактеристиките на iPhone 5 кој го дизајнирал. При тоа искористил 600 бели дијаманти. Логото на Apple го направил од чисто злато и е опкружено со 53 бели дијаманти, а во телефонот се ставени 135 грама 24-каратно злато, додека за екранот е користено сафирно стакло.

Што се однесува до црниот дијамант, со него Хјуз го заменил Home копчето на телефонот. Потребни му биле девет недели за украсување на телефонот iPhone 5.

Пред iPhone 5 Black Diamond, Хјуз креираше iPhone 4S Elite Gold телефон по цена од 6 милиони фунти, што претходно ја имаше титулата за најскап телефон во светот. Со својата најнова креација, Хјуз го собори рекордот повторно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП