10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈелен: Пазарот на труд во САД е во најдобра форма

Јелен: Пазарот на труд во САД е во најдобра форма

jelen33

Пазарот на труд во САД е во најдобра форма од пред 10 години. Тоа го коментира претседателот на Федералните резерви Џенет Јелен пред студентите на Универзитетот во Балтимор, објави „MarketWatch“.

„По неколку години на бавно економско заздравување влегуваме во најсилниот работен пазар по повеќе од една деценија“, коментира Јелен.

Во својот говор претседателот на ФЕД коментира дека знаците за „здрав“ пазар на труд се во изобилство, меѓу кои се издвојува стабилното темпо на креирање на нови работни места и нискиот удел на отпуштања.

Јелен сепак, истакна дека предизвиците уште не се надминати. Економијата расте побавно во споредба со периодот на претходните реставрации од кризи. Растот на продуктивноста таа исто ја опиша како „разочарувачка“.

Јелен посочи дека, сепак, според резултатите од истражувањето младите работници се оптимисти за пазарот на труд.

Таа го цитираше истото истражување, според кое оние кои влегуваат во работната сила за време на силна економија, се повеќе склони да се задржат на работа, да останат вработени и да се радуваат на повисоки приходи.

Двата главни мотори за зголемувањето на оваа разлика се глобализацијата и развојот на технологиите, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП