26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSoftBank инвестира над 1 милијарда долари во американски производител на сателити

SoftBank инвестира над 1 милијарда долари во американски производител на сателити

softbank3994

Јапонската телекомуникациска и енергетска компанија „SoftBank“ ќе инвестира над 1 милијарда долари во американскиот производител на сателити „One Web“.

„One Web“ планира да изгради мрежа на сателити, која ќе обезбедува глобален широкопојасен интернет пристап.

Инвестицијата е наменета за фабрика во Флорида, каде „One Web“ предвидува да започне забрзано и поевтино производство на телекомуникациски сателити. Таму можат да бидат создадени 3.000 работни места. Планирано е фабриката да произведува по 15 сателити неделно и да почне со работа во 2018-та година.

Синоќа двете компании објавија дека „One Web“ добила ветување за 1,2 милијарди долари од „SoftBank“ и од други инвеститори.

Во почетокот на декември директорот на „SoftBank“ и нејзин основач Масајоши Сон се сретна со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп. По средбата двајцата најавија дека јапонската корпорација планира да инвестира 50 милијарди долари во американската економија, како и да создаде 50.000 нови работни места. Трамп изјави дека шефот на „SoftBank“ му објаснил дека никогаш не би презел ваков чекор, ако самиот Трамп не бил избран за претседател.

„SoftBank“ е една од најголемите јапонски компании за телекомуникациски услуги, со 63.590 вработени. Нејзините активностите ги опфаќа како такви, поврзани со соларната енергија, така и маркетинг, финансии и дури хуманоидни роботи за дома.

Неодамна компанијата основа приватен фонд за технолошки инвестиции заедно со Саудиска Арабија и други инвеститори. Според Масајоши Сон, Фондот може да достигне до 100 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП