5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУредите за домаќинство имаат програмиран рок на траење

Уредите за домаќинство имаат програмиран рок на траење

aparatidoma1

Рокот на траење на одредена електрична опрема е програмиран со цел да се поттикне продажбата на нови производи, се наведува во најновиот извештај на Европското здружение на потрошувачи, пренесува агенцијата Танјуг.

Во извештајот се наведува дека одредени уреди, како што се телевизорите, се расипуваат после две или три години без можност за замена на поединечни делови или поправка, исто така, се наведува дека овие производи имаат и однапред испланиран рок на употреба.

„Една од најчестите стратегии која ја користат производителите е програмираното функционално расипување, кое доведува до дефект на уредот во целина поради само еден дел од уредот“, велат претставниците на Европското здружение на потрошувачи.

Некои машини за перење на алишта се програмирани да извршат само 2.000 до 2.500 перења, а телевизорите работат до 20.000 часа, се наведува во извештајот.

Со ваквиот начин на програмирање на уредите, потрошувачите се принудени да купат нов производ. Т.н технолошко времетраење е програмирано со цел да се поттикне потрошувачката, а со тоа и производтвото, велат од Здружението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП