18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле повторно предупреди за опасност од распаѓање на еврозоната

Шојбле повторно предупреди за опасност од распаѓање на еврозоната

soibleee

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле повторно предупреди за опасност од распаѓање на европската монетарна зона. „Ако не ги почитуваме правилата, еврозоната ќе се распадне“, вели тој за весникот „Die Zeit“.

Неговиот коментар е по повод спорните вонредни исплати на грчката Влада кон пензионерите во земјата. „Ние побаравме за мислења на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и спасувачкиот фонд „ESM“ за тоа дали одлуката на грчкиот кабинет“, вели министерот за финансии. „Прелиминарниот одговор гласи: Не“.

„Ако не се држи до правилата, еврозоната ќе се распадне“, посочи уште Шојбле пред изданието, додавајќи дека конструкцијата на единствената монетарна унија треба да биде променета.

Грчкиот парламент неодамна го одобри планот на премиерот Алексис Ципрас, според кој за пензионерите со ниски плати ќе бидат издвоени пред Божиќ 617 милиони евра. Мерката се однесува за 1,6 милиони луѓе, а средствата доаѓаат од прераспределувањето на буџетските приходи. За првите десет месеци од годинава грчкиот буџет оствари 6,49 милијарди евра вишок.

Со одлуката Ципрас ги постави против себе меѓународните кредитори, кои го спречуваат банкрот на Грција со години. Партнерите го критикуваа специјалниот трансфер и не се согласуваат со него. Последователно и спасоносниот механизам „ESM“ имобилизиран порано од одобреното олеснување на долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП