8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотругалија воведува данок на резиденциите со убав поглед

Потругалија воведува данок на резиденциите со убав поглед

Porto Portugal Old City

Португалија ќе наметне нов данок на сопствениците на куќи со прекрасен поглед и богато сончево греење, објави Службениот весник на Португалија.

Данок на овие куќи и станови ќе се зголеми и до 20 отсто, во случај кога куќа или стан има прекрасен поглед, за што до сега се плаќаше 5 отсто, што веќе предизвика гнев кај здруженијата на потрошувачи и сопствениците.

“Се покажува дека следниот чекор ќе биде да се оданочува кислородот кој го дишеме”, рече претседателот на Здружението на сопственици на имот на Португалија Антонио Ферис Маркес.

“Ние сме против овие мерки, бидејќи тие се врз основа на субјективни критериуми. Погледот од куќата може да се оценува различно “, изјави Ернесто Пинто, експерт за данок од Здружението DECO.

Од друга страна, сопствениците на куќи од који може да се видат гробишта или индустриски погон ќе добијат намалување на данокот на имот за 10 отсто.

Првично, зголемувањето ќе важи за сите стамбени имоти кои се предмет на данок на имот, а потоа ќе биде ограничено на куќи кои чинат повеќе од 250.000 евра, што е резултат на измените на амандманот од страна на пратеници на Комунистичката партија.

Зголемувањето на даночната основа се воведе “врз основа на критериумите за социјална правда”, вели Жоао Галамбас, портпарол на владејачката Социјалистичка партија.

“Несфатливо е дека некој кој живее во подрумот и некој кој живее на катот со одличен поглед, да плаќаат ист данок”, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП