18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеквалитетните производи и неисправната бела техника најчест проблем за купувачите

Неквалитетните производи и неисправната бела техника најчест проблем за купувачите

bela_tehnika_3

Потрошувачите најчесто се жалат од неквалитетни производи, како бела техника, технички производи и производи во домот додека бројот на поплаки останува околу три илјади во рамки на цела Македонија, посочи претседателката на Организацијата на потрошувачите на Македонија Маријана Лончар Велкова, во рамки на денешниот форум за унапредување на правата на потрошувачите.

„Сметаме дека треба многу да се работи на централно ниво на подигање на свеста на потрошувачите, но и на давателите на услуги за правата на потрошувачите. Да се донесе нов закон за заштита на потрошувачите, со цел да се унапредат правата таму каде што треба, како што е гаранцијата, означувањето на цената и други области кои не се соодветни и разбирливо уредени“, рече Велкова.

Таа додаде дека граѓаните стануваат се посвесни за кршење на нивните права како потрошувачи, особено на територија на Град Скопје каде има 617 барања и извршени советувања, од кои 384 телефонски и 193 по електронска пошта.

Истакна дека е неопходно јака организација, што ќе расне и со средства и со луѓе за да се докаже тоа што се случува преку истражувања, анализи и барање законски промени.

Претседателот на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје Марјан Додовски, рече дека изминатата година во насока на тоа како потрошувачите да ги бараат и остварат своите права се изработени водич за користење на комунални услуги и две брошури за патување и домување.

„Имаме секојдневни побарувања и совети од потрошувачите. Многу често при користење на мобилни телефони доаѓа до нивно оштетување и тука се обидуваме да дадеме најреални и најточни сугестии како, што и дали можат да го остварат своето право“, рече Додовски.

Следната година посебен осврт ќе биде даден на остварување на правата на потрошувачите во делот на домувањето, затоа што живеењето во колективни згради си носи свои прави и обврски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП