17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays се опоравува од скандалот

Barclays се опоравува од скандалот

barclays1

Британската банка „Barclays“ соопшти дека во првиот квартал се вратила на патот на профитот, со нето добивка од 839 милиони фунти (983 милиони евра).

Банката се обидува да ја поврати својата репутација по минатогодишниот скандал околу местењето на Либор.

Банката оствари профит по оданочувањето, по нето загубата од 598 милиони фунти од првиот квартал во минатата година, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Иако уште многу треба да се направи за „Barclays“ да биде посилна и поотпорна, потполно сме фокусирани на програмата за трансформација и бележиме напредок“, изјави извршниот директор на банката Ентони Џенкинс.

Профитот на британската банка е значително намален поради компензацијата со клиентите на кои им беа продадени осигурувања.

Заработката пред оданочувањето е намалена на 1,79 милијарди фунти во првиот квартал, дел поради трошоците за реструктуирање вредни 514 милиони фунти, наведуваат од „Barclays“.

Банката западна во криза во јуни минатата година, кога американските и британските регулатори ја казнија со 290 милиони фунти поради учество во манипулациите со меѓубанкарските каматни стапки Либор и Еурибор во периодот од 2005 до 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП