11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоронто останува најскапиот пазар во светот за наем на домови од прва...

Торонто останува најскапиот пазар во светот за наем на домови од прва класа

torontoto303

Канадскиот град Торонто продолжува да е лидер во светот по зголемувањето на кириите на првокласните домови и во третиот квартал, иако и градот ја следи глобалната тенденција за одложување на растот, покажуваат податоците на консултантската компанија „Knight Frank“.

Годишното зголемување на кириите достигнува 7,9% во периодот јули-септември 2016-та година, а за кварталот е 3,8%.

Главниот поттик на растот доаѓа од зголемувањето на населението и вработеноста. Населението во градот се зголемило за 9% во периодот 2014-2015 година, а нивото на невработеноста е 6,6%.

На второ место по раст на кириите е Токио со годишно зголемување од 7,3%, но пад од 1,6% за кварталот.

Третата позиција е за Кејптаун со зголемување соодветно од 3,3% и 1,8%.

Топ 10 глобалните центри со најсилен раст на кириите на луксузните станови се дополнува од Москва, Тел Авив, Њујорк, Пекинг, Куангџоу, Цирих и Шангај.

На дното на листата е главниот град на Кенија Најроби, каде во третиот квартал е забележан пад од речиси 11% на кириите на првокласните домови.

На второ место по пад е Хонгконг со 6,9%, на трето е Женева за 5,9%, а на четврто е Лондон со 4,7%.

Глобалниот индекс на компанијата, кој се одразува на динамиката на кириите на првокласните домови во водечките пазари, останува стабилен во третиот квартал. Годишниот раст на кириите бележи пад во 10 од 17-те забележани пазари поради политичката нестабилност, истакнуваат експертите.

Одложувањето сепак не е рамномерно. Во Северна Америка, на пример е забележан среден раст на кириите од 5,1% за периодот главно поради трендовите на пазарите во Торонто и Њујорк – едни од „најжешките“ во светот.

На Блискиот Исток, просечниот раст на кириите достигнува 2,7%, додека во Европа и Африка е забележан пад од соодветно 1,8% и 3,7%.

Поголеми турбуленции на наемните пазари се очекуваат во следната година, кога ќе биде активиран „Brexit“ и откако Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД. Неизбежниот раст на каматите во САД ќе доведе до негативни ефекти на многу од новите пазари поради очекуваното слабеење на корпоративната активност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП