18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПланирани 4.000.000 евра за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје

Планирани 4.000.000 евра за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје

zagaduvanje-skopje1-1

За 2017 година предвидени се повеќе од четири милиони евра за конкретни мерки и активности кои ќе придонесат кон намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух во Скопје.

Градот Скопје следната година планира да подигне нови зелени површини и да посади нови дрвја, во вредност од околу 80 милиони денари, за изработка и реализација на програми, планови и стратегии, планирани се 10 милиони денари, за субвенции на граѓани за набавка на печки на пелети 10 милиони денари, за извршување разни мерења и изработка за б-интегрирани дозволи – милион денари.

Како дополнителна мерка треба да се наведат и сите мерки и поддршка која ги дава Градот Скопје за одредени категории на граѓани за почесто користење на сите форми на јавен и организиран превоз. Така, во повеќе ставки во буџетот на Град Скопје за 2017 година, предвидени се околу 152 милиони денари или 2,5 милиони евра за субвенции и финансиска поддршка за организиран превоз и користење на јавниот превоз на ученици, студенти, повозрасни лица и лица со посебни потреби.

Како една од мерките кои ќе се спроведат во иднина е и набавката на 50 електрични автобуси, каде цената на еден ваков автобус се движи од 300.000 до 500.000 евра и нивната набавка ќе чини од 15 до 25 милиони евра. Средства за овие автобуси би биле делумно покриени од буџетот на Град Скопје, а делумно од буџетот на Република Македонија.

Паралелно со новите мерки, Градот Скопје потсетува дека градските улици се прскаат со средството калциум магнезиум ацетат за контрола и намалување на ситната прашина; воведен епосебен сообраќаен режим за тешките товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, а кои се упатуваат да ја користат обиколницата.

Потоа, воведен е бесплатен автобуски превоз за повозрасните граѓани, за средношколците и за други граѓани; со помош на Владата набавени се повеќе од 300 нови автобуси со ЕУРО 4 и ЕУРО 5 мотори; има автоматизиран систем за управување на сообраќајот (ЦУКС); се градат и се реконструираат велосипедски патеки, се изнајмуваат велосипеди.

„Градот Скопје е првата локална самоуправа што набави електричен автомобил, електроскутери и електровелосипеди за потребите на администрацијата, а за граѓаните дополнително набавивме и електромобили, електровелосипеди и електротротинети“, велат од Скопје.

Поставени се два полначи за електрични возила во катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“ и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП