17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвачињата во Прилеп добија новогодишни пакетчиња

Првачињата во Прилеп добија новогодишни пакетчиња

paketcinja-prvacinja-696x465

Традицонално веќе 12-та година по ред, во Прилеп, се доделуваат новогодишни пакетчиња за првоодделенците.

Градоначалникот Марјан Ристески заедно со Дедо Мраз денеска ги посетија основните училишта „Гоце Делчев“, „Кире Гаврилоски“, „Добре Јованоски“, „Св. Климент Охридски“, како и посебните паралелки во истото училиште. Ристески на сите првачиња им посака многу здравје, среќа и успех во наредната 2017 година.

„Како и секоја година така и оваа, пред Нова година ги посетуваме сите основни училишта во градот и првоодделенчињата и задедно со Дедо Мраз им поделуваме новогодишни пакетчиња. Во оваа прилика им ја честитам Новата година, им посакувам здравје, среќа и успех во наредната 2017 година“, рече Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

При новогодишната посета на сите основни училишта и градинки во општината ќе бидат поделени околу 2.000 новогодишни пакетчиња, а нема да бидат заборавени и другите целни групи, како што се децата со посебни потреби и другите ранливи категории.

На учениците во посебните паралелки во ОУ „Климент Охридски“ новогодишни пакетчиња им подели и Интернационалната хуманитарна организација „Адра“. Од оваа невладина организација истакнаа дека на ниво на општина Прилеп ќе поделеле 350 пакетчиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП