25 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот забележа раст, инвеститорите претпазливи

Доларот забележа раст, инвеститорите претпазливи

berzi azija 2994

На азиските берзи ова утро се тргува внимателно поради смртоносните напади во Германија и Турција, додека јапонската валута ослабе откако централната банка ја остави монетарната политика непроменета.

На берзата во Токио Nikkei индексот во 7,00 часот беше во пулс 0,4 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореа и Австралија забележаа зголемување за околу 0,3 отсто.

Берзанските индекси во Хонг Конг, Сонгапур и Шангај паднаа помеѓу 0,2 и 0,5 отсто, додека MSCI индексот на азиско-пацифичките акции без јапонските, околу 7,00 часот беше речиси непроменет во однос на вчера.

Азиски инвеститори се воздржани поради вчерашниот напад со камион на божиќниот пазар во Берлин, во кој загинаа 12 лица, а најмалку 48 беа повредени.

Во Анкара, беше убиен рускиот амбасадор во Турција Андреј Kaрлов додека разгледуваше изложба, што исто така беше причина за вознемирување на пазарот.
Инвеститорите се воздржани и поради тоа што цената на нафтата е во надолен тренд откако минатата недела го достигна највисокото ниво во последните 17 месеци.

На лондонскиот пазар утрово барелот поевтини за 0,2 отсто, на 54,82 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот склизна за 0,4 отсто, на 51,90 долари.

Но на пазарите подршка им обезбедува вчерашниот раст на цените на Волстрит, како и пораката на јапонската централна банка дека третата по големина светска економија се опоравува.

Лидерите на Банката на Јапонија (BOJ) на редовниот состанок одлучија да ја остават монетарната политика лабава и порачаа дека трендот укажува на солидено економско опоравување, благодарение на зајакнувањето на странската побарувачка и нискиот курс на јенот.

И на девизните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошница на валути утрово се зголеми за 0,2 отсто, по оптимистичката критика на претседателелката на FED, Џенет Јелен за состојбата на пазарот на трудот во САД.

“Јелен во нејзиниот вчерашниот коментар беше многу оптимистична. FED изврши фантастична работа во подготовката на пазарот со минатонеделното зголемување на каматните стапки. Што е уште поважно, и понатаму истакнува дека неговата одлуката во иднина ќе зависи од индикаторите и дека зголемувањето на каматите ќе следи кога економските темели тоа ќе го овозможат”, вели Џејмс Вудс, стратег на фирмата Rivkin Securities.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП