ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија бара 20 милијарди евра за проблематичниот домашен банкарски сектор

Италија бара 20 милијарди евра за проблематичниот домашен банкарски сектор

italija4

Италијанската влада побара дозвола од парламентот за да позајми 20 милијарди евра за проблематичниот домашен банкарски сектор.

Париtи според зборовите на италијанскиот министер за економија Пјер Карло Падоан, ќе бидат искористени за да се гарантира соодветна ликвидност во банкарскиот систем.

“Овие средства може да бидат искористени за зголемување на капиталот на банките”, изјави Падоан на конференцијата за новинарите.

Државниот пакет за помош на банките, според Ројтерс, може да биде исплатен уште оваа недела, доколку ослабе италијанска банка Monte dei Paschi и не успее да го реализира својот планот за спасување, односно не собере пет милијарди евра капитал и не ги продаде “лошите” кредити.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП