
Украина ја национализираше најголемата банка во земјата поради стравувањата за нејзината стабилност, соопштија од Киев.


Украина ја национализираше најголемата банка во земјата поради стравувањата за нејзината стабилност, соопштија од Киев.
Кабинетот се согласи „PrivatBank“ да прејде целосно во државна сопственост. Од Владата е соопштено дека овој потег е преземен „во блиска соработка со меѓународните финансиски организации“ и со соглaсност на сопствениците на банката.
Сопствениците на 90 проценти од „PrivatBank“ се олигарсите Ихор Коломојски и Хенадиј Бохољубов.
Претседателот Петро Порошенко соопшти дека со оваа одлука се спасени, „PrivatBank“ и целиот банкарски систем во Украина, пренесува АП.
На оваа банка и недостигаше капитал и беше тешко погодена од судирите на истокот од Украина, како и од економскиот колапс во 2014 и 2015 година, додаде Порошенко.
Тој се залага за усвојување на дополнителни гаранции за депозитите на штедачите во „PrivatBank“.