3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Полесни услови за кредитирање

ЕЦБ: Полесни услови за кредитирање

ecb.

Се очекува дека само мал број на банки во еврозоната ќе ги заострат условите за кредитирање во наредните месеци, бидејќи нивниот пристап до финансии се зголемува.

Во анкетата која ја спроведе Европската централна банка во 135 банки во европската монетарна унија, седум проценти од испитаниците навеле дека очекуваат во вториот квартал да ги заострат критериумите кои компаниите мора да ги исполнат за да им биде одобрен кредит, соопшти денес ЕЦБ.

Исто толку банки ги заострија стандардите за кредитирање во првиот квартал, за разлика од 13 проценти од последниот квартал во 2012 година, наведува ЕЦБ.

Анкетата покажа дека пристапот на банките за кредитите е подобрен во првиот квартал од 2013 година, додека во вториот квартал се очекува само маргинално подобрување на условите за кредитирање.

Од друга страна, вкупната побарувачка за кредити и понатака е слаба, наведува ЕЦБ, додавајќи дека, според податоците на банките во еврозоната, побарувачката за кредити од компаниите стагнирала, а побарувачката на кредити од домаќинствата и потрошувачките кредити е намалена во првите три месеци од оваа година.

Сепак, банките во вториот квартал очекуваат помал пад на побарувачката за сите категории на кредити, изјави ЕЦБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП