15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТехнолошкиот сектор го поттикна растот на Волстрит

Технолошкиот сектор го поттикна растот на Волстрит

wall-street1

На Волстрит во понеделникот цените на акциите пораснаа, но пред крајот на тргувањето загубија дел од добивките по веста за бројните жртви во нападот со камион на божикниот саем во Берлин и убиството на рускиот амбасадор во Турција.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,20 отсто, на 19.883 поени, како и индексот S&P 500 кој достигна 2.262 поени, додека Nasdaq индексот порасна за 0,37 отсто, на 5.457 индексни поени,

Во понеделникот беше продолжен подемот на цените на акциите, започнат на 8-ми ноември кога Донaлд Трамп беше избран за американски претседател, бидејќи вложувачите се надеваат дека неговите планови за намалување на даноците, зголемување на вложувањата во инфраструктурата и олабавувањето на регулаторните мерки во одделни сектори ќе го поттикнат растот на економијата.

Од претседателските избори, S&P 500 индексот порасна за речиси 6 отсто, додека Dow Jones индексот се приближи до психолошки важната граница од 20.000 поени.

„Подемот на Трамп и натаму е присутен. Секогаш која цените на акциите малку ќе паднат, вложувачите прискокнуваат и бараат добри можности за купување“, вели за Reuters Џејк Далархајд, директор во компанијата „Longbow Asset Management“ .

Растот на индексите од почетокот на седмицава во прв ред е благодарејќи на искачувањето на цените на акциите во технолошкиот сектор, за 0,6 отсто, при што цените на акциите на технолошките гиганти, како Apple, Amazon.com, Intel и Microsoft, поскапеа меѓу 0,6 и 2,1 отсто.

Меѓутоа, при крајот на тргувањето во понеделникот индексите загубија дел од добивките, откако беше објавено за нападите во Германија и Турција.

„Пазарот сака да биде сигурен дека тоа се изолирани случаи. Дали тоа ќе ја наруши економската активност само на тие подрачја или во пошироко подрачје и колку долго“, смета Џон Канали, стратег во компанијата „LPL Financial“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП