19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолгот кон „Водовод и канализација“ граѓаните ќе можат да го платат без...

Долгот кон „Водовод и канализација“ граѓаните ќе можат да го платат без извршители

вода-мод

Согласно измените во Законот за извршување, кои настапуваат од јануари 2017 година и воведувањето на вонсудската наплата на долговите, на граѓаните кои имаат долг по основ на користење на услугите „Водовод и канализација“, со воведувањето на вонсудската наплата на долговите, ќе им се дава можност да го регулираат својот долг без да се изложуваат на поголеми дополнителни трошоци ( судски, нотарски и извршителски).

Односно им се овозможува на граѓаните на корисниците на услугите, пред почетокот на каква било нотарска и извршителска постапка, да го регулираат својот долг и притоа да ги избегнат дополнителните трошоци, кои често може да изнесуваат и повеќе од две третини од главниот долг.

“Воедно пред да почнеме да ги спроведуваме измените во Законот за извршување кои настапуваат од јануари 2017 година, уште еднаш ги потсетуваме граѓаните дека поради предвиденото законско утужување, кое ќе се спроведе во јануари 2017 година, за неплатените сметки за месеците од април до ноември 2016 година, ги повикуваме граѓаните, кои имаат долг кон ЈП Водовод и канализација – Скопје, за горенаведените месеци од април до ноември 2016 година, истиот да го подмират еднократно или со потпишување на договор на повеќе рати”, велат од „Водовод и канализација“ .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП