24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто вели ММФ за пресудата за Лагард?

Што вели ММФ за пресудата за Лагард?

2765254365857fe743e737464254267_w640

Управниот одбор на ММФ ќе ја разгледа обвинителната пресуда која и е изречена на шефицата на оваа институција, Кристин Лагард, изјави портпаролот на ММФ, Гери Рајс.

Лагард вчера во Франција беше осудена за небрежност во случај на арбитража додека била министерка за финансии на Франција, но судот одлучил да не биде казнета, пренесува агенцијата АП.

„Управниот одбор претходно се состана да ги разгледа случувањата во врска со правниот процес во Франција. Се очекува дека Одборот набрзо повторно ќе се состане да го разгледа најновиот развој“, изјави Рајс.

На Лагард и беше судено поради спорот кој во 2008 година го водел францускиот бизнисмен Бернар Тапи против една банка, во врска со продажбата на компанијата Adidas, чиј сопственик бил од 1989 година.

Тапи во 2007 годна продажбата на компанијата и ја доверил на банката, која потоа ја тужел дека при постапката го оштетила. Лагард, во тоа време министерка за финансии, одобрила судскиот процес да се реши со арбитража и државата во 2008 година му исплатила на Тапи 400 милиони евра отштета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП