Многу од најбогатите Американци се вратија на пазарот на капитал неколку дена по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Анкетата на „CNBC“ покажува дека милионерите во најголемата економија на светот планираат големи промени во инвестициското портфолио.
Богатите од оваа земја ги пренасочуваат парите кон финансискиот сектор и индустриските компании и ги намалуваат вложувањата во сектори, како технологија и здравството, кои беа земени како омилени во претходната анкета на „CNBC“, спроведена во пролетта 2016-та година.
Вкупно 37% од испитаниците велат дека резултатите од изборите ги натерале да преземат големи промени во вложувањата, додека 40 отсто од нив изјавиле дека ако ветувањето за намалување на даноците, под водство на Трамп се случи, тоа ќе ги натера да инвестираат повеќе во акции.
И покрај рекордните нивоа на државните индекси, се повеќе од милионерите во САД продолжуваат да инвестираат поголеми суми на пазарот. Тоа го споделуваат вкупно околу 20% од испитаниците.
Најголем дел од милионерите во земјата сметаат дека „S&P500“ ќе се зголеми со помеѓу 5 и 10 проценти во 2017-та година. Процентот на милионерите кои сметаат дека економијата на САД ќе се претстави подобро во наредната година, скока од 30 на 47%.
Резултатите се веќе присутни. По 9-ти ноември, берзанскиот тргувачки фонд кој го надгледува финансискиот сектор во САД, додаде 17% за малку над 40 дена, додека кај индустрискиот сектор учинокот расте до 7,5%.
Големо изненадување сепак е повлекувањето на инвестициите на богатите од технолошкиот сектор.
Вкупно 60% од милионерите споделуваат дека Доналд Трамп ќе се одрази добро на инвестициите, наспроти оние 36% во текот на пролетта.