22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива тековно

Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива тековно

soobrakaj

Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива по претежно суви коловози на пониските места, додека на повисоките места коловозите се наместа влажни.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП