9 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГазпром предупреди дека може да го запре транзитот на гас за Европа

Газпром предупреди дека може да го запре транзитот на гас за Европа

gas339933

„Газпром“ може да го прекине целосно протокот на природниот гас за Европа при несанкционираната девијација на транзитот од Украина. Ова предупредување го упати шефот на гасниот гигант Алексеј Милер, цитиран од агенциите.

„Има ризик за транзитот за Европа преку Украина“, изјави тој пред новинарите.

Според договорот за испорака на гас меѓу двете земји, потпишан по последната гасна криза во 2009-та година, Русија може да го намали транзитот со количествата кои се губат при незаконско користење. Руската компанија може да наметне и „непропорционално намалување“ и воопшто да го прекине снабдувањето со гас.

Во последните години „Газпром“ предупредуваше за можни „отстапувања“ на гасот од страна на Украина, но на крајот прашањето се решаваше за време на трилатералните разговори меѓу ЕУ, Украина и Русија. Во оваа година претставниците на трите земји не можеа да се договорат за гарантирање на безбедноста на зимските резерви на гас за Европа.

Украина не купува гас директно од Русија од крајот на 2015-та година. Земјата сепак добива суровина во обратните врски со соседните земји.

Милер, предупреди дека трендот во однос на цената на природниот гас е да се зголемува во почетокот на 2017-та година. Во оваа година компанијата очекува раст на испораките на гас за Европа до 180 милијарди кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП