1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк: Растот на германската економија ќе се забрза во последниот квартал

Бундесбанк: Растот на германската економија ќе се забрза во последниот квартал

koli-de333

Економскиот раст во Германија ќе се забрза значително во последниот квартал, а инфлацијата, потисната со години, може да надмине 1% во декември поради поскапата нафта. Ова се прогнозите од месечниот извештај на германската централна банка „Бундесбанк“, цитирани од агенциите.

Растот на БДП-то, кој беше слаб во поголемиот дел од вториот и третиот квартал, веројатно ќе се забрза поради подоброто претставување на индустриското производство, стабилната изградба и силната потрошувачка, поддржани од оптимистичките ставови пишува во извештајот на регулаторот.

Најдобрите прогнози на централната банка се слични со оние на Институтот за економски истражувања (Ifo) од минатата недела. Според нив германската економија веќе отскокна од дното од средината на годината, кога слабата побарувачка на производи за извоз и несигурноста по британскиот референдум и натежна на експанзијата.

„Исклучително големото покачување на новите нарачки, заедно со поволните корпоративни ставови, се очекува да ја стимулираат индустриската активност во четвртиот квартал. Потрошувачката на домаќинствата е исто така важен столб на економијата и тоа се одразува во наглото покачување на продажбата на мало во октомври“, пишува во извештајот на „Бундесбанк“.

Инфлацијата, која беше едно од најголемите главоболки за Европската централна банка (ЕЦБ) со години, веројатно ќе надмине 1% во декември, достигнувајќи највисоко ниво од април 2014-та година.

Скоро 4 години инфлацијата е под целното ниво на ЕЦБ од 2% и покрај невидените стимулации со цел промовирање на растот и потрошувачките цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП