ЕКОНОМИЈА

Русија доби продолжување на санкциите oд страна на ЕУ

eu-rusia-696x377

Европската унија (ЕУ) и официјално ги продолжи економските санкции за Русија заради Украина за уште шест месеци, односно до 31 јули 2017 година, јави Радио Слободна Европа.

Санкциите се насочени кон финансискиот, енергетскиот и одбранбениот сектор, а се однесуваат и на средствата што можат да се користат во индустриски и воени цели.

Минатата недела германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ја нагласија важноста од продолжување на санкциите, бидејќи Москва не го применила договорот од Минск, со кој се предвидуваше завршување на конфликтот на истокот на Украина.