Јапонската влада планира буџет во износ од рекордни 97,45 илјади милијарди јени (830 милијарди долари) за фискалната 2017-та година, така што ќе го задржи долгот под нивото на оваа година, објави „Ројтерс“.
Планираниот буџет е предизвик напорите на премиерот Шинзо Абе да ги рационализира трошоците и да продолжи со фискалната консолидација за да го совлада најтешкиот должнички товар на индустрискиот свет.
Буџетот претставува тест за решеноста на премиерот да постигне примарен буџетски суфицит во фискалната 2020-та година, кој се чини не е лесна задача.
Буџетските трошоци за фискалната година која почнува на 1-ви април, бележат зголемување од овогодинешните 96,7 илјади милијарди јени, одразувајќи ги повисоките трошоци за социјално осигурување и трошоците за услуги поради се постарото население на земјата.
Целта на владата е да го одобри предлог-буџетот за фискалната 2017-та година на состанокот на владата во четвртокот, така што планира да го зголеми со мала сума и тековниот буџет по трет пат во оваа година.
Прогнозата покажува дека даночните приходи за фискалната 2017-та година ќе бидат во износ од 57,71 илјади милијарди јени, со само 110 милијарди јени повеќе во споредба со оваа година.
Владата планира да продаде нови обврзници во вредност од 34,37 илјади милијарди јени, што би било девет годишно дно.
За да престане со ново издавање на обврзници, Јапонија се обложува на поголем износ на неоданочените приходи – 5,37 илјади милијарди јени, во споредба со 4,69 илјади милијарди јени во оваа фискална година.
Се очекува, исто така, Владата да ги намали трошоците за сервисирање на долгот, благодарение на ниското ниво на каматните стапки, дел од политиката на централната банка на Јапонија.