сабота, 28 јануари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива УСАИД помага со 2.000.000 долари

Со проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива УСАИД помага со 2.000.000 долари

usaid-19-696x433

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија го претстави проектoт – Партнерство за подобра бизнис регулатива, проект кој е финансиран од УСАИД и истиот го имплементира заедно со другите две комори Стопанската Комора на Македонија и Стопонска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Главен партнер на проектот е ЕПИ ЦЕНТАР и има за цел поддршка на економскиот раст преку ублажување на притисокот врз малите и средните претпријатија, наметнат поради честите промени во законската регулатива.

Во својот говор директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн, истакна дека „УСАИД го поддржува растот на македонската економија во изминатите 25 години.
„Нашата главна цел е да ја подобриме конкурентноста на малите и средните претпријатија, да им помогнеме да растат и да создаваат нови работни места преку давање директна поддршка на самите претпријатија и остварување соработка со Владата за подобрување на политиките од кои зависи поволноста на бизнис средината и растот на приватниот сектор”, рече Стајн.

„Ова е прв пат трите стопански комори во Македонија да се обединат за спроведување на проект во насока на подобрување на бизнис регулативата. Оваа синергија е добар преседан, бидејќи гласот на бизнисот ќе биде “погласен” а бизнис заедницата повклучена. Овој проект е доказ дека нашите перспективи можат да бидат различни, но проблемите се исти; ние може да се разликуваме во справување со важни прашања за бизнисот, но имаме иста мисија – економски и социјален развој на земјата”, рече Фатмир Битиќи, извршен директор на СКСЗМ.

Проектот воглавно ќе биде фокусиран на четири сектори: Земјоделство, текстил, ИКТ и градежништво. Овие четири сектори се двигател на македонската економија и се застапени во сите географски региони во земјата. Вклученоста на овие сектори ќе служи како модел за развој на понатамошни мерки за усогласување со правната регулатива и
јавниот приватен дијалог во останантите бизнис сектори.

За спроведување на проектните активности, во следните четири години американскиот народ преку УСАИД ќе инвестира 1.902.511 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП