27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов претседател на Комората на архитекти и инженери е Миле Димитровски

Нов претседател на Комората на архитекти и инженери е Миле Димитровски

mile-dimitrovski-696x465

Комората на oвластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, која брои повеќе од 3.000 активни членови, на своето изборно собрание на 17 декември, со тајно гласање, за претседател на Комората, со апсолутно мнозинство гласови го избра проф. д-р Миле Димитровски кој ќе ја води Комората во наредните четири години.

Професорот Миле Димитровски е редовен професор на Машинскиот факултет при Институтот за термичко инженерство, и активен учесник во реализација на многу проекти од областа на енергетиката. Автор е на 21 учебник/скрипти и на преку 70 научни трудови од областа на енергетиката, моторите, екологијата итн. Во своето богато експретско искуство, бил носител на бројни признанија и награди од домашен и меѓународен карактер.

Професор Миле Димитровски е досегашен раководител на одделението за машинство при Комората, член на Управниот одбор на Комората и одговорно лице за меѓународните активности на Комората. Неговиот досегашен ангажман во органите на Комората резултираше со приемот на македонската комора во Светската федерација на инженерски организации (WFEO), проактивно учество на македонската комора во Европската асоцијација на инженерски комори (ECEC), развој на Европскиот комитет за континуирана професионална обука (CPD) итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП