3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEtihad најави откази

Etihad најави откази

bn-lx119_etihad_j_20151230090129

Авиокомпанијата „Etihad“ соопшти дека поради се поконкурентниот пазар ќе го намали бројот на работни места, не наведувајќи конкретен број.

Во соопштението на националниот авиопревозник на Обединетите Арапски Емирати се наведува дека отпуштањата претставуваат „одмерено намалување на бројот на вработени во одделни делови од бизнисот“ на таа компанија.

Портпаролот на „Etihad“ Упдеш Капуродби не наведе детали, а во соопштението на компанијата пишува дека намалувањето на бројот на работни места ќе биде спроведено на „праведен, структуиран и транспарентен начин“.

„Etihad“ има потпишани код-шер договори  со околу 50 авиопревозници и има удел во компаниите „Air Berlin“, „Air Seychelles“, „Jet Airways“, „Air Serbia“, „Alitalia“ и „Virgin Australia“.

Како што наведува агенцијата АП, „Etihad“ има флота од околу 12о авиони. Во Дубаи е и седиштето на авиопревозникот за долги линии, компанијата „Emirates“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП