2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото падна во однос на доларот за 1,05 проценти за една недела

Еврото падна во однос на доларот за 1,05 проценти за една недела

stedete

На меѓународните пазари еврото минатата недела падна под 1,04 долари, за прв пат во 14 години. Во четвртокот, еврото се намали на ниво на 1,0363 долари, што е најниско ниво од јануари 2003 година, а крајот на неделата го дочека со ниво на 1,0452 долари, што е намалување од 1,05 отсто во однос на претходната недела.

Евроото, изминатиот месец, ослабе во однос на доларот за 2,33 отсто, додека во средината на јуни оваа година, еврото во однос на доларот беше послабо за 6,33 проценти.

Откако американската Централна банка во средата ги зголеми каматните стапки за 0,25отсто, вредноста на доларот значително зајакна во однос со другите валути во светот.

Индексот на долари, кој ја мери вредноста на американската во корпа со шест големи светски валути во четвртокот достигна ниво од 103 поени. Од почетокот на годината индексот на долари зајакна за 4 отсто.

Освен одлуката на Fed да ги зголеми каматните стапки, врз растот на доларот имаа влијание и укажувањата на федералните резерви дека следната година каматните стапки би можеле да се зголемат за три пати по 0,25 отсто. Со тоа темпо каматите би се зголемувале во наредните две години, за да до крајот на 2019 година достигнат ниво од 3 отсто.

Аналитичарите веруваат дека проценките за забрзувањето на растот на каматните стапки претставуваат реакција на најавената политика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе ги намали даноците, ќе ја зголеми фискалната потрошувачка и инвестициите во инфраструктурата.

Ова се мерки кои треба да го забрзаат растот на економијата, но и растот инфлацијата, која пак, може да доведе до брз пораст на каматните стапки.

Од друга страна, Европската централна банка (ECB) претходно најави дека ќе води лабава монетарна политика, барем до крајот на 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП